Добредојдовте во Ана-Марија
Охридска
Разгледница
Ана-Марија
Историја
Нашето семејство има долга угостителска традиција, почнувајќи од појавата на првите хотелски капацитети на охридското крајбрежје. Доаѓајќи во нашиот ресторан, Вие доаѓате во нашата семејна куќа. Секоја педа од ресторанот дише со историја и со лични спомени: некогаш-растрчаните деца низ лозниците сега ќе Ве пречекаат на нашиот праг како дел од персоналот, плевната со вршникот каде што нашата баба ги печеше најтенките кори за ѓомлезе сега ја замени модерна кујна во која растрчаните готвачи вешто Ви ја подготвуваат највкусната храна, а старата цреша која со години ја навестува пролетта во нашиот двор, уште го дочекува и испраќа сонцето над езерото секој ден. Некои од нас заминаа, некои сме уште тука.
Ана Марија е плод на богато угостителско искуство, љубов кон македонската традиција и бескрајна потрага по гастрономско совршенство.
Кујна
На нашето богато мени ќе најдете голем избор на специјалитети и ресторански класици, секогаш свежо подготвени и направени од најдобрите локални состојки. Нашата кујна е фузија меѓу традиционалната македонска кујна и југословенскиот хотелски стандард. Од домашна лутеница и бело сирење, до сочна шарска плескавица и рижото со печурки, Ве покануваме да уживате во врвната уметност на нашите готвачи.
Од кажувањата на нашите гости, храната во Ана Марија оди одлично со чаша вино и уживање во погледот на широкото езеро, до доцните часови на ноќта, кога се вклучуваат златните светла на Самуиловата тврдина.
Ана-Марија
Атмосфера
Нашиот ресторан располага со затворен ресторански дел, летна тераса со чадори и зимска тераса затворена со стакло за и во студените денови да можете да уживате во најубавиот езерски поглед.
Во текот на работната недела, нашиот ресторан е совршено место за да избегате од метежот на Центарот и да земете здив во опуштена атмосфера меѓу борова шума, на само 10-тина минути од сите случувања. Нашиот искусен и посветен персонал ќе се погрижи Вашата посета да биде целосно уживање.
Во деновите од викендот, во попладневните часови ќе Ве пречекаат веселите ноти на Охридската чалгија. Музиката во живо заедно со нашата домашна храна ќе Ви го подари најубавото доживување на Охрид!
Располагаме со голем бесплатен паркинг за сите наши гости, во текот на целиот ден.
Ана-Марија
Специјални настани
Со вкупниот капацитет од 200 луѓе, нашиот ресторан е совршено место за Вашите прослави: венчавки, матурски прослави, јубилеи и сите други радосни настани што сакате да ги одбележите со Вашите најблиски.
Нашиот искусен персонал ќе се погрижи Вашиот посебен ден да помине совршено – трпезата и чашите ќе бидат полни до крајот на Вашата посета. А, пред заминување, ќе Ве понудиме со кафе и вкусен десерт на кој ретко кој успеал да одолее.
За Вас и Вашите гости имаме обезбедено бесплатен паркинг.
Исконтактирајте нѐ со повеќе податоци за Вашиот важен настан и ќе Ви испратиме специјална понуда.
Ана-Марија
360 Виртуелна
прошетка
Виртуелна тура на Google Street View од 360 степени, каде што секој агол открива неверојатни погледи на езерото и прекрасно јадење.